Вчера во 20:30 часот на место викано „Нова петла“ во Гевгелија, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен назор Богородица го лишија од слобода Р.Р.(28) од с.Копаница, скопско.
При преглед во возилото „пежо“ со гостиварски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени пет лица мигранти од Египет.
Мигрантите се спроведени во Прифатно – транзитен центар „Винојуг“ во Гевгелија, а по целосно документирање на случајот, против Р.Р. ќе биде поднесена соодветна пријава.
Актуелно
- Поскапувањата продолжуваат: Трошоците на живот зголемени за 0,5% во ноември, најмногу поради транспортот
- Ѓорѓиевски и Ле Риголер: Скопје се стреми кон европски стандарди, Франција нуди експертиза во инфраструктурата
- АМСМ: „Евзони“ е целосно блокиран, застој за товарни возила и автобуси на „Ники“
- Падна нарко-бос со компании во Словенија, Бугарија и Словачка
- Криумчарење мигранти: Скопјанец криел пет Египќани во автомобил
- Филипче до граѓаните: Следи мобилизација
- Попуштање на тензиите: Трамп ѝ дозволи на „Нвидија“ да продава напредни АИ чипови на „одобрени клиенти“ во Кина
- ДУИ: Косово не е „Метохија“ – Владата ја деформира историјата на Косово во учебниците

