Кражба и напад во приватна фирма во Драчево


Скопјанец бил физички нападнат откако затекнал крадци во круг на приватна фирма.

Вчера во 13.00 часот во СВР Скопје, Е.Б.(26) од с.Батинци, скопско, пријавил дека околу 01.25 часот во кругот на приватна фирма на подрачјето на Драчево бил физички нападнат од едно лице, кое било затекнато при извршување кражба со уште две други лица.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

28.02.2024 - 16:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа