ЈЗУ Универзитетската Клиника за гинекологија и акушерство соопшти дека на 28.03.2026 имало кус прекин на напојувањето на електричната енергија во една од просторииите на Одделението за интензивна нега и терапија, но веднаш беше постапено по сите протоколи. Вакви случаи можат да се случат секаде во светот и клиниката е подготвена согласно протоколите да реагира при што ниту еден живот на новороденчето не беше загрозен.
Клиниката располага со современ систем за напојување на елекрична енергија во случаи на рестрикција на струја. Бебињата си ја добиваат потребната терапија и количество на кислород без застој.
Медицинскиот персонал кој работи на Одделението за интензивна нега и терапија им се врши обука и за справување со несакани случувања како што е закажување на техниката од било која причина.
Интензивната нега во моментов престојуваат 48 новороденчиња, додека пак во засегнатата просторија имало 6 новороденчиња. Персоналот е 24 часа присутен помеѓу овие дечиња.

