Close Menu
Press24
    Најново

    Ќе снема вода во 9 часот – Водовод најави исклучувања

    22.10.2026 во 08:22

    Се расправале за имот, па извадил пиштол и пукал во него – поранешен фудбалер обвинет за убиство на сопствениот брат

    22.10.2026 во 11:06

    Скопјанец преживеал хорор кај Градски Парк

    22.10.2026 во 08:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Филипче: Ние со Христијан Мицкоски ќе останеме без нација
    • Филипче: Сите граѓани ќе добијат акции, ја исправаме неправдата со приватизацијата
    • ЛДП: Реформите на власта се за чист „два плус“ – спречете ги идните уцени со нашиот предлог за самозаштитни клаузули
    • Хера: ЕУ не предупреди – Македонија назадува во повеќе сегменти во човековите права, меѓу кои и родовата еднаквост
    • ВМРО-ДПМНЕ: 23 октомври не потсетува дека Македонија е наследство од предците и аманет за идните поколенија
    • Сиљановска-Давкова: Не можеме да ја чествуваме државноста, а да ја заборавиме пожртвуваноста на поколенијата што ги удриле нејзините темели
    • Честит 23 Октомври – Ден на македонската револуционерна борба
    • Од Дубаи до Македонија: Стефанија Нусеибех носи нов пристап кон дизајнот на ентериери
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » „Крај за пензиите од 10.000 денари“: Мицкоски најави вкупен раст од 7.000 денари до април

    „Крај за пензиите од 10.000 денари“: Мицкоски најави вкупен раст од 7.000 денари до април

    02.01.2026 во 13:481 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Линеарното зголемување на пензиите е клучната мерка со која Владата планира трајно да го подигне животниот стандард на највозрасните граѓани. Премиерот Христијан Мицкоски, при денешната посета на Кочани, истакна дека процесот кој започна во ноември 2024 година ќе се заокружи во април 2026 година, со што секој пензионер ќе добие вкупно зголемување од 7.000 денари.

    „Не треба да заборавиме еден важен параметар – 150 илјади пензионери, пред да почне ова линеарно зголемување, имаа пензии кои се движеа околу 10 до 12 илјади денари. Тоа е речиси половина од вкупно 330 илјади пензионери во државата“, објасни Мицкоски.

    Според премиерот, со целосната имплементација на оваа мерка, оваа категорија на граѓани веќе нема да биде под прагот на 15.000 денари. „Со овие 7.000 денари плус, тие немаат пензија под 15 илјади, туку сите се движат од 17 до 19 илјади денари. Како Влада ќе продолжиме во таа насока“, дециден е Мицкоски.

    Тој смета дека линеарниот модел, за разлика од процентуалниот, директно влијае на намалување на јазот меѓу богатите и сиромашните, обезбедувајќи поправична распределба на средствата.

    Прочитај повеќе

    Филипче: Ние со Христијан Мицкоски ќе останеме без нација

    23.10.2026 во 11:01

    Филипче: Сите граѓани ќе добијат акции, ја исправаме неправдата со приватизацијата

    23.10.2026 во 11:00
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.