Close Menu
Press24
    Најново

    Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ

    28.10.2026 во 23:42

    20 години од смртта на Наско Џорлев

    28.10.2026 во 23:19

    Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво

    28.10.2026 во 23:02
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ
    • 20 години од смртта на Наско Џорлев
    • Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво
    • Ноа Вaјл прогласен за најсексипилен маж
    • Пет планети се ретроградни, еден знак особено ќе ја доведе во прашање љубовта
    • Патници на луксузен крузер останаа заглавени во Камбоџа поради драстичниот раст на цените на горивата
    • Пет намирници што жените над 50 години треба почесто да ги јадат
    • Неочекуван потег од Брисел: Канада останува без здруженото членство во европските механизми
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Крај на летниот одмор за пратениците: 53 точки на дневен ред на првата седница по паузата

    Крај на летниот одмор за пратениците: 53 точки на дневен ред на првата седница по паузата

    21.08.2026 во 09:581 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Со денешната работна сесија на Советот на амбасадори, на која ќе се обрати претседателот на Собранието, Африм Гаши, пратениците и официјално се враќаат со собраниски активности по летната пауза. Првата нова пленарна седница е закажана за 2 септември.

    Според информациите објавени на веб-страницата на Собранието, на 25 август се најавени и две средби на Гаши – со турскиот амбасадор Фатих Улусој и со постојаната координаторка на ОН, Рита Колумбиа. Од Кабинетот на Гаши посочуваат дека претседателот на Собранието континуирано ги извршува работните обврски, иако пратениците официјално се на одмор.

    На 121. пленарна седница, закажана за 2 септември, на дневен ред се 53 точки. Меѓу нив се именување на вицегувернер на Народната банка, ратификации, Предлог-закон за пријавување и проверка на странски директни инвестиции, во прво читање, како и Предлог-националната стратегија за безбедност на сообраќајот на патиштата за периодот 2026–2030 година.

    На дневен ред се и повеќе закони по скратена постапка, главно поврзани со усогласување со новиот Закон за високи раководители.

    Редовната летна пауза во Собранието започнува на 1 август. Сепак, дел од пратениците и во текот на паузата имаат активности, вклучително и по повод одбележувањето на националниот празник Илинден на 2 август.

    Just In Top News
    Прочитај повеќе

    Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво

    28.10.2026 во 23:02

    Министерот Ферати учествуваше на панел-дискусија на тема „Охридскиот рамковен договор и генерацијата што не чека: 25 години зад нас, 25 години пред нас“

    28.10.2026 во 21:30
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.