Ковид-19 во светот: Заразени над 57 милиони лица

Бројот на заразени со коронавирус во светот денеска ја надмина бројката од 57 милиони, а последните милион случаи се регистрирани во последниот ден и пол.

 

Според веб-страницата „Worldometers”, од почетокот на пандемијата на коронавирусот во светот се регистрирани 57.129.893 милиони случаи на заразени. Од ковид-19 досега починаа 1.363.451 милион лица, а 39.630.160 милиони пациенти се излекувани.

Во моментот, во светот има 16.136.282 милиони активни случаи на инфекции на ковид-19.

Најголем број на заразени лица има во САД – над 12 милиони, следи Индија со, речиси, девет милиони и Бразил, каде што бројот на заразени се ближи до шест милиони.

Од европските земји, најпогодена е Франција, која е четврта во светот со 2,08 милиони заболени лица, а шеста е Русија со нешто над два милиона.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

19.11.2020 - 23:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега