Ковачки: Постојат индиции и за други функционери од извршната власт на СДС за дезертерство
Драган Ковачки, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник на денешната прес конференција запрашан дали имаат индиции за други високи функционери од извршната власта за дезертерство како што е случајот со премиерот Ковачки, тој потенцираше дека постојат такви индиции за дезертество.
„Да постојат индиции за други функционери од извршната власта, вклучително и високи министри од владата на СДС и на премиерот Ковачевски. Но, во моментот јас не би шпекулирал со имиња, не би излегувал со конкретни имиња“, рече Ковачки.
Ковачки укажа дека најважно е премиерот кој јавно призна од говорница дека е трајно неспособен, да побара од судот да му се утврди неговата деловна способност
„Најважно од се во моментов е премиерот кој што јавно призна од говорница дека е трајно неспособен, да побара од судот да му се утврди неговата деловна способност“, кажа Ковачки.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа