Ковачевски: Платите во образованието од 2017 до 2022 ги зголемивме за 21%

Премиерот на Република Македонија, Димитар Ковачевски објави статус на Фејсбук во кој сакаше да посочи колку пораснале платите во последните пет години.

Вработените во образованието и во детската заштита се никулецот за развојот на нашата иднина, затоа во периодот од 2017 до 2022 година нивните плати ги зголемивме за 21%.

Отворени сме за дијалог за постигнување систем за раст на платите кој нема да биде условен и предизвикуван од штрајкови и незадоволства. Во таа насока го охрабрувам синдикатот, да го продолжи дијалогот и да ја преземе одговорноста за трајно решение за раст на платите преку заеднички утврден модел за раст на платите“, напиша Ковачевски.

12.04.2022 - 13:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега