Ковачевски избегна да одговори зошто на службеното патување во САД си ги земал и децата
Премиерот Димитар Ковачевски денеска присуствуваше на стартот на канадска „Магна“ во Штип.
Прашан дали на неговото патување во САД го понел и неговиот син и дали тоа било на сметка на државата Ковачевски одговори дека таквите патувања, никогаш не биле на сметка на буџетот на државата.
Моето патување во САД, рече премиерот, беше ислкучително важно и успешно. На патувањата, како што додаде, понекогаш е придружуван од неговата сопруга, доколку тоа го налага протоколот.
И ниедно приватно патување на членови на неговото семејство, како што појасни, никогаш не било на сметка на државниот буџет.
На прашањето зошто на патувањето ги понел и неговите деца, и дали ќе ги покаже сметките, за тоа како е платено нивното патување, Ковачевски додаде:
„Моите деца патуваат исто како и другите деца. И доколку е потребно јас за секое нивно патување или кога посетуваат нивни роднини, или на пример мојот син, игра фудбал и често оди во странство, доколку треба да и доставам на јавноста сметки, тоа ќе го правам, но сметам дека е непотребно, со оглед дека како и сите други граѓани во држвата секој има право да патува“, подвлече премиерот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа