Костовски: СДСМ е отворена за сите политичари кои сакаат Северна Македонија да биде дел од ЕУ
СДСМ како владејачка партија е отворена за сите кои сакаат да се приклучат на парламентарното мнозинство, а тоа не треба да трае долго бидејќи се наоѓаме во многу важен период во очекување на датумот на преговори како и нов бран на ковид, рече пратеникот на СДСМ Мартин Костовски во гостувањето на Анализа наТв 24.
-Се надевам дека Алтернатива ќе даде допринос на мнозинството на Владата бидејќи видовме дека мнозинството на Мицковски не успеа, ќе се обединат прогресивните сили кои би дале допринос за отворање на преговорите со ЕУ., рече тој.
Тој додаде дека токму случувањата во четвртокот како и деновите потоа го демантираа Христијан Мицковски кој цела недела ветуваше дека има 61 пратеник, и тој не успеа и по седми пат да обезбеди мнозинство
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа