Костовски до Арсовска: Eдно ветуваше пред избори, друго по избори

Данела од ова место, од општина Бутел, ја започна теренската активност од врата на врата, рече на денешната прес-конференција градоначалникот на општина Бутел, Дарко Костовски.

-На едната фотографија е баба Невена од мојата лева страна, а на долната фотографија е чичко Киро од мојата десна страна. Данела лично им дала ветување на овие луѓе дека овде нема да има улица и дека на бул. Христијан Тодоровски Крпош ќе изгради парк. Низ целиот период на кампањата велеше дека не си класичен политичар, но ти стана доктор за политиканство. Зошто бегаш до средба со граѓаните и не се соочиш со нивните барања туку даваш прес-конференции од задскриени места ?! Меѓудругото, ме повика за поништување на плановите, но еве уште еднаш ти повторувам дека со утрешната седница на Советот на Општина Бутел ќе се покрене иницијатива за поништување на двата детални урбанистички планови С 16 и ССИ 06 блок 7. Ја повикувам Арсовска да излезе заедно со граѓаните, да се соочи со реалноте проблеми и да го реализира тоа што им го вети на овие граѓани, а тоа е изградба на парк на бул. Христијан Тодоровски Карпош. Баба Невена ја потсети Арсовска на нејзините ветувања и како милозвучно и велеше да не се грижи, а сега го гледаме спротивното, истакна Костовски.

Јас останувам на страна на моите граѓани! Потенцираше Костовски.

14.03.2023 - 15:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега