Close Menu
Press24
    Најново

    Земјотрес од 4,7 степени во Грција, почувствуван и во Македонија и Албанија

    20.03.2026 во 12:26

    Претрес во Берово: Скопјанец криел ловечка пушка, муниција и пиротехника

    20.03.2026 во 12:18

    В недела избегнувајте да влегувате во возило: Посебен сообраќаен режим во Скопје поради трка

    20.03.2026 во 11:59
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Земјотрес од 4,7 степени во Грција, почувствуван и во Македонија и Албанија
    • Претрес во Берово: Скопјанец криел ловечка пушка, муниција и пиротехника
    • В недела избегнувајте да влегувате во возило: Посебен сообраќаен режим во Скопје поради трка
    • Јавното обвинителство поднесе обвинение за Стафа кој со 50.00 евра требаше да го ,,извади” Ѓаволот од притвор
    • СПМ: Бараме неселективна правда и крај на партиското етикетирање во актуелните случаи
    • Сиљановска-Давкова го честиташе Рамазан Бајрам: Со сплотеност и почит да градиме здраво општество и просперитетна татковина
    • Нафтата под притисок, златото расте, изјавите на Нетанјаху и Трамп го смируваат пазарот
    • Македонците живеат пет години помалку од Европејците: Жените и натаму со подолг животен век од мажите
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Костадиновски oд Меѓународна научна конференција во Штип: Судот воведува интерпретативни одлуки

    Костадиновски oд Меѓународна научна конференција во Штип: Судот воведува интерпретативни одлуки

    25.09.2025 во 17:143 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Претседателот на Уставниот суд, д-р Дарко Костадиновски денеска(25.09.2025) се обрати на 12. Меѓународна научна конференција која се одржа на Правниот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев” во Штип. Костадиновски како еден од главните говорници на Конференцијата зборуваше на темата „Општествените промени во глобалниот свет и живиот конституционализам”, се вели во соопштението од Уставен суд коешто МИА го објавува интегрално.

    Во рамки на посетата претседателот Костадиновски на Универзитетската библиотека донираше дел од своите авторски трудови кои претставуваат придонес во областа на правната наука и практика. Со овој чин, претседателот ја потврди својата лична и професионална посветеност за унапредување на академската заедница, поттикнување на научно-истражувачката работа и овозможување на студентите, професорите и истражувачите полесен пристап до релевантна стручна литература.
     
    Издвојуваме дел од неговите поенти од говорот:

    Промените во глобалниот свет кои се резултат на промената во размислувањата, налагаат нивно прифаќање и прилагодување. Во уставното судство тоа е можно преку теоријата на “жив или реален конституционализам”.
    Теоријата на „живиот конституционализам” се појави како реакција на ограничените толкувања на оригиналистите. Идејата беше едноставна: Уставот не е музејски експонат, туку документ кој мора да живее и да дише заедно со народот и времето!
    Дискрепанцата меѓу пишаните устави и она што и науката но и практиката го нарекува „жив или реален Устав“ неминовно налага креативност, иновативност, визионерство во толкувачката мисија на судиите на уставните вредности и норми vis a vis општествените промени и реалности кои пак го конципираат она што се нарекува жив конституционализам.
    Македонскиот Уставен суд, токму водејќи се од оваа премиса, пред точно една година воведе две значајни новини во уставното судство. Првата, е воведувањето на она што во европското уставно судство се нарекува “интерпретативна одлука”. Суштината на овој тип одлуки е дека Судот направил првична оценка на уставноста, изразил сомнеж и повел постапка а во решението ги образложил своите правни стојалишта, но, ја одложува конечната одлука и одредува временски рок на доносителот на прописот за усогласување, под репресивна “закана” за укинувачка или поништувака одлука.
    Смислата на оваа новина е Судот да го зачува интегритетот на правниот поредок и да му остави уште една (временски ограничена) можност на органот што го донел оспорениот пропис да се коригира и да се врати во сферата на уставноста за не бидат создадени правни празнини кои би можеле да имаат сериозни импликации по поредокот.
    Втората, новина, претставува воведувањето на можноста, Судот да го следи остварувањето на уставноста, законитоста и слободите и правата на човекот и граѓанинот утврдени со Уставот и по свое наоѓање, да усвои посебен Извештај во кој ќе укаже на потребата за преземање мерки за нивно остварување и заштита кое ќе го достави до надлежниот орган.
    Многу одамна грчкиот филозоф Хераклит има заклучено “Единствената константа во животот е промената”. Ако е тоа така, а така е, природно се поставува прашањето како да се победи “стравот од промените” што исто така претставува единствена константа во животот? Одговорот не е едноставен, но прв чекор би бил да се свртиме кон самите себе и да се менуваме со почит, да ја менуваме политичката, правната, уставната култура. Да градиме општетство во кое ќе владее правото, а не човекот. Да се одважиме и да бидеме храбри во постапките! Предолго и во двете мои професионални кариери гледав лажна и деклараторна посветеност кон владеењето на правото, а реалната и вистинската посветенот кон таа цел во современи услови, претставува чин на највисок патриотизам!

    Популарно

    Земјотрес од 4,7 степени во Грција, почувствуван и во Македонија и Албанија

    20.03.2026 во 12:26

    Претрес во Берово: Скопјанец криел ловечка пушка, муниција и пиротехника

    20.03.2026 во 12:18

    В недела избегнувајте да влегувате во возило: Посебен сообраќаен режим во Скопје поради трка

    20.03.2026 во 11:59

    Јавното обвинителство поднесе обвинение за Стафа кој со 50.00 евра требаше да го ,,извади” Ѓаволот од притвор

    20.03.2026 во 11:57
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.