Косово побара помош од Бајден за да се приклучи на НАТО
Косовската претседателка Вјоса Османи побара од американскиот претседател Џо Бајден да го искористи влијанието на Вашингтон во НАТО и да ѝ помогне на државата да влезе во алијансата.
Во писмото до Бајден, Османи кажа дека по инвазијата на Русија во Украина, приклучувањето на НАТО е приоритет за национална безбедност.
„Членството на Косово во НАТО стана императив. Веруваме и очекуваме САД да го искористи влијанието за да ни помогне да влеземе во алијансата“, кажа Османи.
Османи кажа дека се изложени на напори од Русија да го дестабилизира цел западен Балкан.
17.03.2022 - 15:04
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа