Close Menu
Press24
    Најново

    Нови апсења во случајот „Државна лотарија“ – падна финансиска директорка

    05.10.2026 во 13:31

    РКЕ одлучи: Од полноќ поевтинуваат и бензинот и дизелот

    05.10.2026 во 12:35

    Нема потреба од 5 верски празници – газдите бараат да се скратат 3 неработни денови

    05.10.2026 во 13:44
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • ГАЛЕРИЈА: Пред 2-3 дена се вселија а веќе почнаа да го уништуваат новиот студентски дом Стив Наумов
    • Старец прегазен и усмртен на Градско-Велес, полицијата трага по возачот
    • Андоновски: Државата, граѓаните и компаниите мора заедно да го чекорат патот на дигиталната трансформација
    • Приведен тинејџер: Се заканувал на полицаец преку социјални мрежи
    • Радев бесен: Напад со дронови во Бугарија – еден брод потонал друг се запалил
    • Мицкоски: Откриени над 4.500 лажни корисници – починати и иселени примале социјална помош
    • Вработениот го фатил како краде, па му одговорил со тупаници – апсење на Бит Пазар
    • ФЗОМ ги усвои новите правила за боледување
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Кос, Јаневска и Сали во посета на „Стив Наумов“ – Во тек е голема реконструкција

    Кос, Јаневска и Сали во посета на „Стив Наумов“ – Во тек е голема реконструкција

    08.07.2026 во 09:052 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Еврокомесарката за проширување на Европската Унија, Марта Кос, заедно со министерката за образование и наука Весна Јаневска и првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања Беким Сали, денеска ќе го посетат Државниот студентски дом „Стив Наумов“ во Скопје, каде се реализира темелна реконструкција.

    Министерката Јаневска на крајот на мај изврши увид во текот на градежните работи, при што најави дека од 1 октомври студентите ќе бидат сместени во обновените студентски домови „Стив Наумов“ и „Кузман Јосифовски-Питу“. Таа тогаш посочи и дека до септември се очекува да започне реконструкцијата и на останатите студентски домови во земјава.

    За реконструкција и изградба на студентските домови се предвидени околу 50 милиони евра, од кои 10 милиони се грант-средства. Финансирањето е обезбедено преку заем од Германската развојна банка, додека грантот е преку Програмата за регионална енергетска ефикасност за Западен Балкан на Европската Унија.

    Планирано е целосно обновување на девет државни студентски домови во Скопје, Прилеп, Битола, Штип и Охрид, а реконструкцијата ќе се спроведува во фази. Во првата фаза се опфатени домовите „Стив Наумов“ и „Кузман Јосифовски-Питу“ во Скопје, каде градежните активности ги изведува компанијата „Страбаг АГ“.

    Еврокомесарката Марта Кос денеска е во Скопје на повеќе средби, меѓу кои со премиерот Христијан Мицкоски, претседателот на Собранието Африм Гаши и вицепремиерот Беким Сали. Предвидени се и разговори со претставници на граѓански организации и медиуми.

    Just In Top News
    Прочитај повеќе

    Детали за сообраќајката во Скопје – Двајца во болница

    06.10.2026 во 11:37

    Илинден им помага на семејствата: 3.000 денари за секое прваче

    06.10.2026 во 11:23
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.