Close Menu
Press24
    Најново

    Драматично во Штип: Беснее нов голем пожар, има повредено лице

    11.06.2026 во 16:57

    Започна локално невреме во источна Македонија: Дожд и грмежи јужно од Берово

    11.06.2026 во 16:41

    Судење за пожарот во „Пулс“: Обвинителството презентираше докази за агенцијата „Рубикон“, одбраната тврди дека нема вина

    11.06.2026 во 16:27
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Драматично во Штип: Беснее нов голем пожар, има повредено лице
    • Започна локално невреме во источна Македонија: Дожд и грмежи јужно од Берово
    • Судење за пожарот во „Пулс“: Обвинителството презентираше докази за агенцијата „Рубикон“, одбраната тврди дека нема вина
    • Дурмиши ги повика компаниите да аплицираат за државна поддршка: Рокот е до 15 јуни
    • Трагедија на експресниот пат Прилеп – Градско: Две лица загинаа, едно во тешка состојба
    • Од утре започнуваат електронските уписи во средните училишта: Еве ги клучните датуми и рокови
    • Ѓорѓиевски од ЗЕЛС: Бараме најмалку 10% од ДДВ и 50% од персоналниот данок за општините
    • Возеле без дозвола низ Скопје, Прилеп и Крива Паланка – приведени седум возачи
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Конференција „Мајчиното ментално здравје како приоритет: од препознавање кон достапна поддршка за секоја мајка“

    Конференција „Мајчиното ментално здравје како приоритет: од препознавање кон достапна поддршка за секоја мајка“

    01.06.2026 во 09:281 Min Read
    плакат
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Мајчиното ментално здравје како приоритет: од препознавање кон достапна поддршка за секоја мајка“ е темата на конференцијата што ќе се одржи денеска, на која ќе бидат презентирани наодите од анализата „Кој се грижи? Мајчинство, ментално здравје и невидливиот товар на очекувањата“.

    Како што е најавено, конференцијата ќе ја отвори министерот за здравство Азир Алиу, а на настанот ќе присуствуваат и францускиот амбасадор Кристоф Ле Риголер, претставници на Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените (ЕСЕ), како и претставници на „Реактор – Истражување во акција“.

    Целта на конференцијата е да се стави мајчиното ментално здравје во фокусот на јавната дебата и институционалните политики, преку препознавање на потребите на мајките и унапредување на пристапот до поддршка во заедницата и здравствениот систем. Ќе бидат споделени искуства, наоди и препораки поврзани со периодот на бременост, породување и рано мајчинство.

    Во рамки на програмата е предвидена и презентација на искуства од работа со жени Ромки во областа на менталното здравје и застапување во Севилја, Шпанија, од Даниела Миранда Рохас од Универзитетот во Севилја – ЦЕСПИД, како и панел-дискусија на тема „Поддршка за перинаталното ментално здравје во заедницата: потреби, можности и следни чекори“.

    Прочитај повеќе

    Драматично во Штип: Беснее нов голем пожар, има повредено лице

    11.06.2026 во 16:57

    Започна локално невреме во источна Македонија: Дожд и грмежи јужно од Берово

    11.06.2026 во 16:41
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.