Close Menu
Press24
    Најново

    Идниот месец се менува целиот систем на плаќање во банките – еве што треба да знаете

    19.10.2026 во 11:24

    Страшна бура во Шпанија: Загинаа две жени, војската и специјалните служби се на терен поради катастрофалните поплави

    19.10.2026 во 11:18

    Снег паѓа во Грција, се е замрзнато како среде зима

    17.10.2026 во 14:48
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Владата набавува 100 нови амбулантни возила: Мицкоски утре на промоција кај СЦ „Борис Трајковски“
    • Метео аларм: Искористете го утрешното сонце – доаѓа пресврт
    • „Мојот малолетен син е нападнат со тврд предмет“ – Вознемирена мајка се јавила во полиција
    • Тешка кражба во дебарската болница: вработена им дала клуч на крадци за да украдат пиштол од канцеларија
    • Ужас ја потресе Македонија: Мајка ја претепала ќеркичата, а 10-месечното бебе го оставала само без грижа
    • Вистински малер: Македонец ставил таблици од друго возило па направил сообраќајка
    • Детали за новите правила за правосуден испит: Шасивари најави консултации со факултетите и студентите
    • Казни и откази за административците ако добијат лоша оценка – промени во администрацијата
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Конечни резултати: Избрани 44 градоначалници – втор круг во 33 општини

    Конечни резултати: Избрани 44 градоначалници – втор круг во 33 општини

    28.10.2025 во 13:282 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Државната изборна комисија (ДИК) денеска во рамки на продолжението на 150- седница ги објави конечните резултати од Локалните избори за вкупно 44 општини. Во 33 општини ќе има втор круг на гласање на 2 ноември.

    -Единаесет општини се приклучуваат на 33-те општини за кои во четвртокот објавивме конечни резултати за избор на градоначалници, каде што изборите се завршени во прв круг. Со денешнава објава на 11-те општини за избор на градоначалник во прв круг и претходните 33 од минатиот четврток каде што немаше приговори, вкупно се завршени 44 општини каде што е извршен избор на градоначалник во првиот изборен круг. Остануваат уште 33 општини кои ќе одат во втор круг, рече претседателот на ДИК, Борис Кондарко.

    Во однос на изборот за членови на советите на општини и Советот на Град Скопје, Кондарко соопшти дека само во Општина Шуто Оризари ќе се повтори гласањето на 2 ноември за избор на членови на Советот.

    По спроведеното гласање на 19 октомври, а по истекот на законските рокови за поднесување тужба до Управен суд по приговори во постапка за гласање и во постапка за утврдување и сумирање на резултати од гласање, ДИК ги објавува конечните резултати за општините во кои не се поднесени тужби до Управен суд по приговори за избори на членови на Совет на општините и членови за Совет на Град Скопје. 

    – Остана само една општина со три избирачки места во кои се поништени резултатите од Управниот суд – во Општина Шуто Оризари. По направената симулација, утврдено е дека можно е да има теориско влијание бројот на запишаните гласачи во овие три избирачки места на распределбата на мандатите во Советот. ДИК врз основа на наведеното, согласно одлуките на Управниот суд за поништување на гласањето, одлучи гласањето во овие три избирачки места во Општина Шуто Оризари за избор на членови на Совет да биде повторено на 2 ноември, рече Кондарко.

    Прочитај повеќе

    Владата набавува 100 нови амбулантни возила: Мицкоски утре на промоција кај СЦ „Борис Трајковски“

    19.10.2026 во 17:23

    Метео аларм: Искористете го утрешното сонце – доаѓа пресврт

    19.10.2026 во 17:17
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.