Собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска ќе ја одржи својата 74. седница, на која една од главните точки на дневниот ред е Предлог-завршната сметка на Буџетот на Република Северна Македонија за 2025 година.

Покрај оваа точка, членовите на Комисијата ќе ги разгледаат и Годишниот извештај за извршените ревизии и за работата на Државниот завод за ревизија за 2025 година, Годишниот извештај за работењето на Агенцијата за супервизија на осигурување за 2025 година, како и Годишниот извештај за состојбата и движењата на осигурителниот пазар во Република Северна Македонија за 2025 година.

Exit mobile version