Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Нафтата поевтини но од утре не чека значително поскап дизел

    20.09.2026 во 12:50

    Доаѓа силен Ел Нињо – какво време нè очекува во текот на зимата

    18.09.2026 во 23:32
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Филипче: Минималната плата мора да се зголеми на 600 евра – луѓето не можат да врзат крај со крај
    • Повредена жена, ја удрил автомобил на тротоар
    • Тројца млади повредени во сообраќајка во Велес
    • Мисајловски во посета на Словенија: Средба со дијаспората пред состаноците на министрите за одбрана
    • Специјализант најави штрајк со глад: Обвинува за фаворизирање и неправда на Медицинскиот факултет
    • Камен пијан Мексиканец се степал со полицаец во Ѓорче Петров
    • Загина 17 годишна девојка: 7 годишно дете и тројца возрасни повредени во сообраќајка на патот Битола-Прилеп
    • Утре локални врнежи и услови за невреме
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Колева: Спие ли мирно Панче Тошковски за случајот со Росица во Велес, оставка кога?

    Колева: Спие ли мирно Панче Тошковски за случајот со Росица во Велес, оставка кога?

    27.09.2025 во 12:402 Mins Read
    ФОТО: СДСМ
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Трагедијата со убиството на младата Росица во Велес ја потресе целата јавност, но и ја покажа целата неспособност и нефункционалност на институциите раководени од ДПМНЕ, рече на денешната прес конференција Даниела Колева – претседателка на Форум на жени на СДСМ.

    По бурните реакции во јавноста и барањето одговорност за институционалните пропусти, МВР соопшти дека 11 полициски службеници од СВР Велес добиле дисциплински пријави, истакна Колева.

    „Не може вината да се сведува само на 11 полицајци. На толку многу пропусти, каде се началниците и командирите, каде се функционерите? Зошто тие се заштитени? Каде е нивната одговорност?

    Сите што направиле пропусти во случајот на Росица, мора да одговараат, до највисокиот раководител и секако политичка одговорност од Тошковски.

    Јавното обвинителство мора итно да отвори истрага за сите инволвирани. Мора да се истражи секој пропуст, секое непостапување, секоја одлука што придонела една жена да биде оставена сама на милост и немилост на насилник.

    А има и уште едно прашање на кое јавноста мора да добие одговор: Дали навистина Росица лично му се обратила на министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски?“, прашува Колева.

    Колева посочи дека Тошковски демантира а пријатели на Росица сведочат дека им ја покажала пораката која му ја испратила. Ако пораката навистина била испратена, тоа е дополнителен скандал од највисоки размери.

    „Затоа, бараме одговорност – не само од полицајците, туку и од нивните началници и командири, од целото раководство на СВР Велес, а особено од министерот за внатрешни работи.

    Панче Тошковски мора да понесе оставка од морални причини.

    Ова е прашање на човечност и почитување на човечки живот, на една жена.

    Институциите не ја заштитија Росица. Нејзиниот крик за помош остана игнориран. Тоа е срам за државата и тежок товар на совеста на сите кои се дел од системот.

    СДСМ ќе продолжи да бара вистинска, институционална и политичка одговорност, затоа што животот на секоја жена мора да биде заштитен, а институциите мора да функционираат за граѓаните, а не против нив“, истакна Колева.

    Прочитај повеќе

    Филипче: Во Македонија веќе не се живее – ни 1.500 евра месечно не се доволно

    20.09.2026 во 13:32

    Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

    20.09.2026 во 13:11
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.