Close Menu
Press24
    Најново

    Ќе може да си купите стаж – добри вести за сите на кои им фали стаж за пензија

    15.09.2026 во 09:04

    Мајка ми ме нападна со тврд предмет – Скопјанка се јавила во полиција

    14.09.2026 во 23:49

    Пресметка: Колку ќе ве чини да си платите една година стаж за да одите во пензија

    15.09.2026 во 10:58
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Кој ќе ја контролира вештачката интелигенција? Правници и експерти денеска во Скопје
    • Судот ѝ забранил да го контактира, но таа продолжила со повици и пораки – Македонка го демнела поранешниот партнер
    • Инцидент во Скопје: Две жени се степале, па се нафрлиле и на полицајците
    • 12 пожари регистрирани до утринава – ЦУК објави каде горело
    • ДКСК ќе одлучува за нов лобист во официјалниот регистар
    • Како до поголема доверба во уставните судови? – Регионални експерти во Охрид
    • Инвестиции во училишниот спорт: Денеска презентација на проектот „Учи, Играј, Расти“
    • Австриски компании во Скопје: Нови можности за инвестиции и партнерства
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Кој ќе ја контролира вештачката интелигенција? Правници и експерти денеска во Скопје

    Кој ќе ја контролира вештачката интелигенција? Правници и експерти денеска во Скопје

    16.09.2026 во 08:162 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Во Скопје денеска ќе се одржи меѓународната научна конференција „When AI Betrays Law and Justice: Human Rights, Constitutionalism and Democratic Accountability in the Algorithmic Age“, посветена на влијанието на брзиот развој на вештачката интелигенција врз правото, човековите права и демократските процеси.

    Организатор на конференцијата е Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, во рамки на истражувачкиот проект „Усогласување на македонскиот правен систем со законодавството на Европската Унија за вештачка интелигенција“, поддржан од Министерството за образование и наука.

    На едно место ќе се соберат меѓународни говорници, професори, правни експерти и практичари, кои ќе разговараат за предизвиците што вештачката интелигенција ги поставува пред човековите права, уставноста, владеењето на правото, регулативата и демократската одговорност.

    Конференцијата ќе се одвива во два дела. Првиот ќе биде посветен на меѓународни предавања и експертски панели за вештачката интелигенција и нејзината поврзаност со човековите права, уставноста, регулацијата и демократската одговорност.

    Вториот дел ќе се фокусира на состојбите во Северна Македонија, при што ќе бидат разгледани јавните ставови, практиките во корпоративниот сектор и институционалната подготвеност за примена и регулирање на вештачката интелигенција.

    Во рамки на конференцијата ќе бидат презентирани и нови емпириски истражувања од Северна Македонија, со цел да се поттикне стручна и јавна дискусија за подготвеноста на институциите, компаниите и граѓаните за одговорно користење на технологијата.

    Меѓу меѓународните говорници се Јудит Варга, основачки покровител на Central European Academy при Универзитетот во Мишколц, Лаура Каск, извршна директорка на естонската компанија Proud Engineers, Пол Немиц, поранешен главен советник за стратегии за дигитална транзиција во Европската комисија, и Макс Хубнер, визитинг професор по право на College of Europe и основач и извршен директор на The Change Lawyer.

    На експертските панели ќе учествуваат професори и експерти од Правниот факултет „Јустинијан Први“, меѓу кои проф. д-р Лазар Јовевски, проф. д-р Александар Спасов и проф. д-р Бобан Мисоски.

    Во делот посветен на Северна Македонија ќе бидат вклучени членови на истражувачкиот тим од Правниот факултет „Јустинијан Први“, како и надворешни експертски соработници. Меѓу нив е и Суад Сефери, претседател и основач на AI NOW Society, кој ќе зборува за подготвеноста за вештачка интелигенција во Северна Македонија и Западен Балкан.

    Just In Top News
    Прочитај повеќе

    Судот ѝ забранил да го контактира, но таа продолжила со повици и пораки – Македонка го демнела поранешниот партнер

    16.09.2026 во 08:12

    Инцидент во Скопје: Две жени се степале, па се нафрлиле и на полицајците

    16.09.2026 во 08:10
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.