Close Menu
Press24
    Најново

    Мицкоски: Во регионот сме држава со највисока стапка на раст на БДП и со најниска стапка на инфлација

    28.10.2026 во 21:16

    Стојаноски: Растат платите и пензиите, наследените долгови остануваат товар за буџетот

    28.10.2026 во 20:46

    55-годишник од липковско ги нападнал сопругата и ќерката, завршил зад решетки

    28.10.2026 во 20:18
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Мицкоски: Во регионот сме држава со највисока стапка на раст на БДП и со најниска стапка на инфлација
    • Стојаноски: Растат платите и пензиите, наследените долгови остануваат товар за буџетот
    • 55-годишник од липковско ги нападнал сопругата и ќерката, завршил зад решетки
    • Нападнал полицаец кој го фатил додека продава дрога
    • Драма во Германија: Четири лица повредени во експлозија во станбена зграда во Регенсбург, се трага по две лица
    • Официјално: Искра Хаџи Василева го победи Трајче Пеливанов со 7 гласа предност
    • „Алeлуја, Европа сфати“: Словачкиот премиер ја поздрави потребата за преговори со Москва
    • Проценки на Пентагон: Трошоците на американската војска во судирот со Иран надминаа 47 милијарди долари
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Кој ќе биде новиот Џејмс Бонд?

    Кој ќе биде новиот Џејмс Бонд?

    26.06.2026 во 23:522 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Обожавателите на серијалот филмови за Џејмс Бонд наскоро ќе го дознаат наследникот на Даниел Крејг во улогата на култниот шпион. Продуцентите и режисерот Денис Вилнев почнаа да ги известуваат глумците кои се пласирале во следната рунда аудиции, којашто ќе се одржи подоцна ова лето. Иако имињата сè уште не се потврдени, аудициите се закажани за август, потврди „Дедлајн (Deadline)“.

    Изворите говорат дека Вилнев лично ги контактира кандидатите кои се избрани во потесниот круг. Потрагата по новиот „007“ трае веќе некое време, а студиото пристапува кон проектот полека и методично. Откако ја презеде целосната креативна контрола врз брендот „Бонд“ во 2025 година, продукциската куќа „Амазон МГМ (Amazon MGM)“ внимателно го избира тимот што ќе го води следниот филм. Ејми Паскал и Дејвид Хејман првично беа ангажирани како продуценти, а по состаноците со бројни режисери, режисерската палка му беше предадена на Вилнев. Минатото лето, сценаристот Стивен Најт, познат по серијата „Пики блајндерс“, му се придружи на тимот, додека директорката за кастинг Нина Голд во април оваа година потпиша договор.

    Главната пречка до неодамна беше недовршеното сценарио, бидејќи актерите не можат да бидат тестирани за приказна што сè уште не постои. Според првичните податоци, Најт во голема мера се потпира на најраните романи на Ијан Флеминг, што би можело да го врати Бонд на неговите почетоци во британската Кралска морнарица…

    Иако имињата на глумците се чуваат строго доверливо, според познавачите, на пр. Харис Дикинсон, Калум Тарнер и Џејкоб Елорди се вклопуваат во условите за кандидатот што продуцентите ги разгледуваат за следната фаза. Но, сè уште нема официјално потврдени имиња.

    И, во таа насока, се чини, според „Комик бук њуз (Comic Book News)“ – „Амазон“ сака глумецот да има под 30 години. Така, се наведува, тој би можел да глуми во пет „007“ филмови, слично на 15-годишниот серијал на Даниел Крејг. Токму затоа, повозрасните кандидати, како што се Идрис Елба и Хенри Кавил, се чини, отпаѓаат.

    Планот, засега е новиот актер да биде избран до крајот на 2026 година, за да можат продукцијата и снимањето да почнат во 2027 година. Сепак, со оглед на тоа што самиот избор на сценарист траеше речиси една година, сите рокови треба да се земат со резерва.

    Прочитај повеќе

    Игор Џамбазов домаќин на боемите, македонскиот шоумен во поддршка на македонската музика

    28.10.2026 во 09:51

    Дневен хороскоп: Овенот да избегнува шопинзи, Вагата ја очекува важен разговор

    28.10.2026 во 09:09
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.