Кога Надал погоди девојче со топка на сите им беше симпатично- ја бакна во образ а цел стадион аплаудираше (ВИДЕО)

 

Правилата велат дека Новак Ѓоковиќ бил оправдано дисквалификуван од УС Опен затоа што го удрил линискиот судија со топка, но дали правилата се исти за сите?

Додека Новак Ѓоковиќ е осуден за оваа постапка, вреди да се напомене дека дури и неговите најголеми ривали „не се цвеќиња“, Роџер Федерер удри дете кое собира топки.

Истото му се случи на Рафаел Надал за време на Австралија опен оваа година, кога топката заврши во лицето на девојчето покрај судијата, но Шпанецот не беше исфрлен - напротив ова му беше симпатично на целиот Мелбурн.

Надал се приближи до девојчето и ја бакна во образ, а никој не го спомна повикот на супервизорот на натпреварот, а камоли дисквалификацијата како најсериозен прекршок.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

07.09.2020 - 15:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега