Според податоците од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), утрово е најстудено во Берово каде се измерени -7C. Најтопло било во Виница, Попова Шапка, Тополчани, Ѓуриште и Гевгелија, со измерени 0C.

Според УХМР -5 степени се измерени во Битола, -4 Скопје – Петровец, Струмица, Штип, -3 Тетово, Крива Паланка, Прилеп, Демир Капија, Mаврови Анови, -2 Велес, Претор, Куманово, Кавадарци, и -1 степен во Скопје – Зајчев Рид, Охрид, Пожаране, Kрушево.

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност.

Наместа ќе има појава на магла и зголемена облачност.

Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец.

Максималната температура ќе се движи во интервал од 9C до 15C.

Во Скопје претпладне во делови од котлината ќе има појава на магла, додека во текот на денот ќе биде сончево со мала до умерена облачност и слаб северозападен ветер. Максималната температура ќе достигне 11C.

Exit mobile version