Close Menu
    Најново

    Неколку знаци дека сте под хроничен стрес: Научете да ги препознавате и вратете го мирот што ви е потребен

    02.10.2025 во 23:35

    Природата е најдобриот лек на кој често забораваме

    02.10.2025 во 23:14

    Путин: Се обидуваат на Москва да ѝ нанесат стратешки пораз, но тоа е невозможно

    02.10.2025 во 23:04
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • Неколку знаци дека сте под хроничен стрес: Научете да ги препознавате и вратете го мирот што ви е потребен
    • Природата е најдобриот лек на кој често забораваме
    • Путин: Се обидуваат на Москва да ѝ нанесат стратешки пораз, но тоа е невозможно
    • Нетанјаху: Слабоста пред тероризмот носи само повеќе тероризам
    • На кров на „Голф“ по Партизанска, полицијата ги пронајде и казни
    • Филипче од Аеродром: Владата на ВМРО-ДПМНЕ ја води државата во економски колапс
    • Трајановски: Целосно ќе го запреме урбанистичкиот терор и бетонизацијата во Аеродром
    • Мицкоски: Димче и Левица обработуваат за новиот стопан Али, затоа имаат кандидати во Струга и Тетово, а не и во Велес и Штип
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24Press24
    Home » Коцевски: Обвинителство води предистрага за повеќе институции во врска со пожарот во дискотеката „Пулс“, објавените пораки се мал дел од доказите

    Коцевски: Обвинителство води предистрага за повеќе институции во врска со пожарот во дискотеката „Пулс“, објавените пораки се мал дел од доказите

    30.09.2025 во 18:02
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

     Oбвинителство води предистрага за вработени во Управата за јавни приходи (УЈП), но и во други институции за десетина кривични дела во врска со пожарот во дискотека „Пулс“ во Кочани, изјави државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски.

    Одговарајќи на новинарски прашања пред денешната седница на Советот на јавни обвинители, Коцевски рече дека со завршување на обвинението не значи дека завршила и постапката за Кочани и дека податоци што беа изнесени од страна на Истражувачката репортерска лабораторија не се ништо ново и дека сите овие пораки се испратени до одбраната и судот.

    -Јавното обвинителство уште од почетокот постапуваше по поднесена кривична пријава. Меѓутоа Јавното обвинителство водеше и предистражна постапка и во однос на сите останати други институции, што значи дека во моментот на подигање на обвинение, немаше докази во однос на инспектори во УЈП, меѓутоа предистражната постапка беше отворена веднаш и таа сè уште трае, со тоа што со завршување на обвинението не значи дека заврши и постапката за Кочани. Еве вчера имав состанок со обвинителите и овие податоци што беа изнесени од страна на Истражувачката репортерска лабораторија не се ништо нови. Сите овие пораки се испратени до одбраната, сите овие пораки се испратени до судот. Сите овие пораки ги имаше и Министерството за внатрешни работи, меѓутоа тоа се многу малку пораки во однос на она што Обвинителството располага во моментов. Има таму можеби уште десет инкриминирачки дејствија, што значи дека постапката воопшто не е ниту затворена не само во однос на УЈП, туку и на евентуално други институции и тука она што беше кажано сметам дека беше избрзано, имајќи предвид дека истражувачите на (ИРЛ) не побараа информации од Обвинителството, изјави Коцевски.

    Во однос на другиот предмет за пожарот во „Пулс“ што го води Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) против 13 полициски службеници и за кој сè уште нема обвинение, Коцевски рече дека тоа е така затоа што на предметот работи само еден јавен обвинител, но и дека се запазени сите рокови.

    -По другиот предмет постапува само еден јавен обвинител. Причината зошто е така, е затоа што сè уште немаме доволно јавни обвинители, односно сè уште имаме 70 јавни обвинители помалку. Наредните три и пол години така ќе биде и од тие причини, со оглед дека е еден јавен обвинител, постапката се води подолго време, меѓутоа таа ќе заврши наскоро, рече Коцевски.

    Прашан во врска со изјавите на премиерот Христијан Мицкоски, кој вчера коментирајќи ги наводите објавени во документарниот филм на ИРЛ, меѓу другото, рече дека не е задоволен од работата на државниот јавен обвинител, Коцевски рече оти не сака да навлегува во политички изјави.

    -Политиката е една работа, работата на Јавното обвинителство е сосема друга. Јас и понатаму ќе работам чесно и законито, а другото го оставам на политичарите, рече Коцевски.

    Истражувачката репортерска лабораторија во неделата објави документарен филм со наслов „Нашиот морален компромис“, во кој беа објавени нови снимки и сведоштва на родители на загинати и лица кои биле во објектот, како и разговори преку апликации меѓу сопствениците на дискотеката и инспектори на УЈП.

    Add A Comment
    Leave A Reply Cancel Reply

    Популарно

    Градинките ќе работат до 22 часот навечер

    02.10.2025 во 13:33

    Падна судијка – живеела во Скопје, а земала патни трошоци дека патува од Струмица

    02.10.2025 во 13:25

    Скопјани подолго чекале да добијат дозвола за оружје отколку лицата во другите градови

    02.10.2025 во 16:59

    Филипче од Аеродром: Владата на ВМРО-ДПМНЕ ја води државата во економски колапс

    02.10.2025 во 22:10
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.