Денеска во Основниот кривичен суд во Скопје продолжува судскиот процес против поранешниот директор на Клиниката за онкологија, Нино Васев, и двајца други доктори, обвинети за несовесно лекување. Во фокусот на денешното рочиште се медицинските вештачења изработени од словенечки експерти по налог на Обвинителството.

Овие вештачења треба да појаснат како биле применувани терапиите кај вкупно 29 пациенти, за кои постои сомнеж дека добивале несоодветни дози или лекови без потребна медицинска процена. За сослушување на словенечкиот тим се предвидени повеќе рочишта во текот на оваа недела, што укажува на обемноста на доказите.

Потсетуваме дека покрај Васев, на обвинителната клупа се и Симонида Црвенкова и Драган Јакимовски, додека втората обвинета, Мери Пешевска, веќе призна вина и доби условна казна. Динамиката на судењето предвидува во март да бидат сослушани и вешти лица од Србија.

Exit mobile version