Close Menu
Press24
    Најново

    Од полноќ нови цени: Нафтата поевтина но дизелот ќе биде поскап

    21.09.2026 во 10:57

    Регулаторна одлучи: Од полноќ големо поскапување на дизелот

    21.09.2026 во 15:10

    Нафтата поевтини но од утре не чека значително поскап дизел

    20.09.2026 во 12:50
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Клековски: Во центарот на акцијата против криминалната група се суплементи за потенција
    • Мицкоски од Њујорк: Со САД градиме партнерство засновано на доверба, почит и конкретни резултати
    • Трамп: Русија ја изгуби контролата врз дизелот, оваа војна мора да престане
    • Портокалово предупредување за Халкидики: Силни бури, чести молњи и можен град од рано во вторник
    • Приведен 71-годишник: Се заканувал и ја навредувал неговата 63-годишна сопруга
    • Сопругата на починатиот Игор Југ: Нема да престанеме да бараме правда, оваа голгота удри печат на многу семејства
    • Премиерот Мицкоски оствари средба со висока делегација на Стејт Департментот предвоена од заменик секретарот Кристофер Ландау
    • 21 септември – светски ден на Алцхајмеровата болест
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Клековски: Во центарот на акцијата против криминалната група се суплементи за потенција

    Клековски: Во центарот на акцијата против криминалната група се суплементи за потенција

    21.09.2026 во 21:062 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Министерот за здравство Сашо Клековски вечерва во гостувањето во Топ тема на ТВ Телма откри дека суплементи за потенција се во центарот на акцијата која започна изутрината против криминална група осомничена за криумчарење и нелегална трговија со лекови, медикаменти и медицински суплементи. Најмалку 6 лица се приведени во акцијата, а  се вршеле претреси во Скопје, Тетово и Гевгелија на десетина локации.

    -Во прашање не се лекови, туку додатоци и надрилекарства. Случајот е поврзан со претходна акција, која не е поврзана со ботокс, а сите заедно се поврзани со сузбивање на шверцот и нелегалната трговија на лекови и суплементи и други средства кои предолго време претпоставувам биле толерирани, а може да доведе до големи нескани последици – изјави Клековски.

    Министерот нагласи дека не станува збор за суплементи кои може да предизвикаат само финанскиски последици, туку и здравствени, бидејќи станува збор за нелегални суплементи.

    -Во основа се додатоци кои имаат тревки во различни комбинации кои се продаваат со различни својства, како поддршка на машкоста, подобрување на работа на еден, друг, трет орган кои не се регистрирани во земјава за таква намена и се комплетно надвор од законот“ – додаде Клековски.

    Најмалку шест лица се приведени во големата акција која започна изутрината против криминална група осомничена за криумчарење и нелегална трговија со лекови, медикаменти и медицински суплементи, објави претходно Телма.

    Претходно од МВР за МИА потврдија дека полициска акција насочена кон сузбивање на криминална група инволвирана во криумчарење стоки и извршување на коруптивни кривични дела, се спроведува денеска од утринските часови под раководство на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција. Во акцијата постапува Одделот за сузбивање на организиран криминал при МВР.

    Дел од медиумите објавија дека акцијата се спроведува на повеќе локации во Скопје, Тетово и Гевгелија

    Прочитај повеќе

    Мицкоски од Њујорк: Со САД градиме партнерство засновано на доверба, почит и конкретни резултати

    21.09.2026 во 20:38

    Портокалово предупредување за Халкидики: Силни бури, чести молњи и можен град од рано во вторник

    21.09.2026 во 20:01
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.