Close Menu
Press24
    Најново

    Клековски: Не ни се потребни нови стратегии и документи, туку подобро организиран систем со јасни одговорности

    20.11.2026 во 12:33

    СДСМ со амандмани бара 2.500 денари повеќе месечно за студентски оброк и стипендии од 8.000 денари

    20.11.2026 во 12:22

    Дурмиши: До 200.000 евра казни за нефер трговски практики

    20.11.2026 во 12:20
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Клековски: Не ни се потребни нови стратегии и документи, туку подобро организиран систем со јасни одговорности
    • СДСМ со амандмани бара 2.500 денари повеќе месечно за студентски оброк и стипендии од 8.000 денари
    • Дурмиши: До 200.000 евра казни за нефер трговски практики
    • Замислете да одите на работа и да станете милионер – тоа им се случи на вработените во „Антропик“
    • Трамп замина од Кина, без разговори со севернокорејскиот лидер
    • Потпишан петгодишен протокол за соработка со Универзитетот Тракија: Oбука за македонските здравствени работници во Едрене
    • Пожар во болницата „8 Септември”
    • Јаневска: Заедничка е одговорноста да им обезбедиме среќно детство и перспективна иднина на сите наши деца
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Клековски: Не ни се потребни нови стратегии и документи, туку подобро организиран систем со јасни одговорности

    Клековски: Не ни се потребни нови стратегии и документи, туку подобро организиран систем со јасни одговорности

    20.11.2026 во 12:331 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Министерот за здравство Сашо Клековски објави дека заедно со претставникот на Светската здравствена организација, д-р Аким Али и директорката на Институтот за јавно здравје, д-р Марија Андоновска ја отворил националната работилница за прелиминарните наоди од анализата на есенцијалните јавно-здравствени функции.

    -Анализата покажува дека основата постои — институции, законска рамка, национални програми и стручни капацитети. Предизвикот е во нивното поврзано и координирано функционирање, напиша Клековски на својот фејсбук профил.

    Тој наведува дека во обраќањето посочил три приоритети: интегриран здравствен информациски систем — поврзани податоци од матичните лекари, болниците, лабораториите и Институтот, за рано откривање на ризиците и навремено одлучување, посилна превентивна улога на Институтот и центрите за јавно здравје, со континуитет од скрининг до дијагноза и лекување, модернизација на законската рамка и јасна координација меѓу институциите при јавно-здравствени ризици.

    -Не ни се потребни нови стратегии и документи, туку подобро организиран систем со јасни одговорности. Од работилницата очекуваме ограничен број реални мерки — за секоја да знаеме која институција е одговорна, во кој рок и како ќе го измериме резултатот, објави Клековски и изрази благодарност до Светската здравствена организација за поддршката и до сите учесници од институциите, академската заедница и граѓанските организации.

    Прочитај повеќе

    СДСМ со амандмани бара 2.500 денари повеќе месечно за студентски оброк и стипендии од 8.000 денари

    20.11.2026 во 12:22

    Потпишан петгодишен протокол за соработка со Универзитетот Тракија: Oбука за македонските здравствени работници во Едрене

    20.11.2026 во 11:32
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.