Close Menu
Press24
    Најново

    Понеделник е неработен ден – ќе одмориме три дена

    10.09.2026 во 09:08

    Шокирачки вести за возачите: Цената на нафтата драстично скокна

    10.09.2026 во 10:10

    Женска тепачка по претходна расправија

    09.09.2026 во 23:02
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Успешно е извршена тешка операција на срцето на бебе кое нема ниту еден килограм
    • Стојанчо Радичевски кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Брвеница
    • Драма во Белгија: Уапсен 15-годишен ученик за лажна дојава за бомба и евакуација на 850 деца во Гент
    • Засилени контроли за електрични тротинети – 33 прекршоци
    • Двајца загинати при руски напади врз бензински пумпи во Киев
    • ДУИ: Ја поздравуваме подготвеноста на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни избори
    • ОЈО ГОКК координираше акција поради сомнение за примање поткуп и награда за противзаконито влијание
    • Мелони децидна: Италија мора сама да произведува повеќе нафта и гас за да ја намали увозтната зависност
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Клековски: Мртвиот гавран во паркот кај општината во Ресен бил заразен

    Клековски: Мртвиот гавран во паркот кај општината во Ресен бил заразен

    27.08.2026 во 13:111 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Агенцијата за храна и ветеринарство потврди присуство на западнонилски вирус кај мртов гавран пронајден во централното подрачје на Ресен, во паркот покрај Општината. Министерот за здравство Сашо Клековски оцени дека случајот е показател за локална циркулација на вирусот.

    Клековски посочи дека гавранот е стационарна птица, односно не е преселница, поради што позитивниот наод укажува дека вирусот циркулира токму на тоа подрачје.

    За случајот веднаш биле известени Центарот за јавно здравје Битола и градоначалникот на Ресен. Од нив се очекува ревизија на плановите за дезинсекција и преземање дополнителни мерки за прскање против комарци.

    Според податоците на Министерството за здравство, засега нема регистриран човек заразен со западнонилска треска од Ресен.

    Гавранот во Ресен е втората мртва птица кај која е потврден вирусот. Претходно позитивен резултат беше добиен и кај мртов гавран пронајден во централното подрачје на Скопје, покрај Вардар.

    АХВ во меѓувреме го засили активниот надзор на целата територија на државата и спроведува лабораториско тестирање на примероци од живина и диви птици со цел да се следи ширењето на западнонилскиот вирус.

    Прочитај повеќе

    Успешно е извршена тешка операција на срцето на бебе кое нема ниту еден килограм

    11.09.2026 во 20:54

    Стојанчо Радичевски кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Брвеница

    11.09.2026 во 20:34
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.