Дел од домаќинствата и деловните корисници во Петровец и Ќојлија денеска ќе бидат без електрична енергија во периодот од 9 до 12 часот.

Причина за прекинот е планирана интервенција на електродистрибутивната мрежа, односно изработка на кабелска спојница на извод од трафостаницата „Макдизел“, со влез-излез во ново КРО.

Од Регионалниот центар за управување со кризи – Скопје, повикувајќи се на информација од ЕВН, информираат дека без напојување во наведениот период ќе останат и ДТУ „Еуросиг Инвестмент“ ДООЕЛ, Нанев Костадин, Брути, „Лифтас“ ДООЕЛ и „Универзал Комерц“ – друштво за трговија.

Exit mobile version