Ќе седне ли Азир Алиу во министерското столче за здравство?

 

Поранешниот министер за информатичко општество и администрација, Азир Алиу, кој е дел од Алијансата за Албанците, изјави дека сè уште не знае дали тој ќе го преземе министерското место во здравство, откако Арбен Таравари поднесе оставка.

– Сè уште не сме разговарале на таа тема. Веројатно деновиве, бидејќи во овој период бевме многу активни. Секогаш крајниот збор го има граѓанинот и ние бевме на терен за да ги консултираме за хаосот што се случува во нашата партија, изјави Алиу.

Во јавноста веќе кружат информации дека токму тој би можел да биде новиот министер за здравство, откако Таравари ја напушти функцијата.

26.05.2025 - 09:00

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега