Ќе се воведе и полициски час- од 6 септември нови правила за влез во Албанија

 

Во Албанија, поради зголемувањето на бројот на новозаразени со коронавирус на почетокот на септември, се воведуваат нови мерки во борбата против пандемијата, пренесува Анадолија.

Како што објави Техничкиот одбор на експерти во понеделникот, полицискиот час ќе биде во сила од 1 септември, од 23 часот до 6 часот наутро.

Од 6 септември, секој што влегува во Албанија мора да има потврда за целосна вакцинација или негативен ПЦР тест кој не смее да биде постар од 72 часа, или брзантигенски тест кој не е постар од 48 часа. За да ја преминат границата, граѓаните исто така можат да покажат потврда дека ја прележале болеста, не постара од шест месеци.

Овие правила важат и за лицата што транзитираат низ Албанија, како и за децата постари од шест години.

Во Албанија, наредбата за носење маски во затворени простории, трговски центри, супермаркети, продавници, јавен превоз и на сите оние места каде што не е можно да се одржува физичка дистанца, ќе остане во сила.

Во последните 24 часа, во таа земја се потврдени 486 нови случаи на инфекција со коронавирус, додека три лица починаа, пренесува Анадолија.

31.08.2021 - 10:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега