Поради планирани зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат дел од корисниците во Скопје.

Од 8:30 до 15:00 часот струја нема да имаат корисниците од дел од улицата „Тодор Александров“, во Комплексот „Олимписко село“ во општина Центар.

Како што информира РЦУК, повикувајќи се на известување од ЕВН Македонија АД, од 8:30 до 15:30 часот без струја ќе бидат и дел од корисниците на улицата „Јустинијан Први“, на потегот од крстосницата со улицата „Речиште“ до пред ресторанот „Мерита“ во општина Кисела Вода.

Exit mobile version