Поголем број корисници во општините Ѓорче Петров и Гази Баба денеска ќе останат со исклучени електични апарати. Според известувањето од ЕВН Македонија, прекините се планирани поради технички интервенции во мрежата.

Распоред на исклучувања (од 09:00 до 13:00 часот):

  • Општина Ѓорче Петров: Улиците „Австралиска“ и „Николај Островски“.
  • Општина Гази Баба: Жителите на улиците со број 3, 4 и 5 во населеното место Инџиково.

Од Регионалниот центар за управување со кризи – Скопје апелираат граѓаните навремено да ги планираат своите обврски во овие реони.

Exit mobile version