Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК) – Скопје, врз основа на информации добиени од ЕВН Македонија АД, ги информира граѓаните за планирани прекини на електрична енергија во одредени делови од општините Центар, Зелениково и Ѓорче Петров.

Според информации од ЕВН Македонија АД во периодот од 08:30 до 10:00 часот без струја ќе бидат дел од корисниците од улиците „Самоилова“ и „Јоаким Крчовски“, како и објектот на Музејот на Современа Уметност во општина Центар.

Во периодот од 08:30 до 15:00 часот прекин во електрична енергија ќе има за корисниците од селата Зелениково, Ново Село, Страхојадица и Смесница во општина Зелениково.

Корисниците лоцирани околу ул. „Австралиска“ бр. 5 во населба Даме Груев, општина Ѓорче Петров ќе имаат прекин на струја во периодот од 09:00 до 15:00 часот.

Exit mobile version