Кина предупредува: Америка е најголемата нуклеарна закана во светот
САД ја претставуваат најголемата нуклеарна закана во светот и мора да ја преиспитаат својата безбедносна политика, изјави денеска портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Мао Нинг.
– САД се најголемиот извор на нуклеарна закана во светот. Тие треба внимателно да ја разгледаат својата нуклеарна политика, темелно да ја исполнат својата посебна и примарна должност за разоружување, а со тоа да ја намалат улогата на нуклеарното оружје во националната безбедносна политика и да преземат значителни практични чекори за ублажување на нуклеарните ризици – рече Мао на брифингот.
Мао нагласи дека шпекулациите за нуклеарната закана од Кина се изговор за САД да го прошират сопствениот нуклеарен арсенал,пренесе Новости.рс.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа