На 07.12.2025 во 03:25 часот, на улица „7 Септември“ во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишија од слобода Л.М.(26) од Кавадарци.
При контрола на патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „цитроен берлинго“ со кавадаречки регистарски ознаки, кое го управувал Л.М., и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,18 промили алкохол во крвта.

