Close Menu
Press24
    Најново

    Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ

    28.10.2026 во 23:42

    20 години од смртта на Наско Џорлев

    28.10.2026 во 23:19

    Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво

    28.10.2026 во 23:02
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ
    • 20 години од смртта на Наско Џорлев
    • Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво
    • Ноа Вaјл прогласен за најсексипилен маж
    • Пет планети се ретроградни, еден знак особено ќе ја доведе во прашање љубовта
    • Патници на луксузен крузер останаа заглавени во Камбоџа поради драстичниот раст на цените на горивата
    • Пет намирници што жените над 50 години треба почесто да ги јадат
    • Неочекуван потег од Брисел: Канада останува без здруженото членство во европските механизми
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Каснување од мајмун во Тајланд можна причина за смртта на познатата турска актерка од серијата „Шербет од брусница“

    Каснување од мајмун во Тајланд можна причина за смртта на познатата турска актерка од серијата „Шербет од брусница“

    24.06.2026 во 12:411 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Турските истражни органи проверуваат дали наводно каснување од мајмун е поврзано со смртта на познатата актерка Еџе Иртем (35), која почина непосредно по нејзиното враќање од одмор во Тајланд.

    Како што пренесуваат тамошните медиуми, семејството на актерката побарало овој детаљ итно да биде земен предвид при обдукциските анализи. Мајката на Еџе посочила дека нејзината ќерка имала сериозни стомачни тегоби уште за време на патувањето, а на денот на нејзиниот роденден состојбата дополнително се влошила.

    Правните застапници веќе поднеле документација до обвинителството во Истанбул, нотирајќи видливи траги на нејзината рака.

    „Во текот на разговорот со експертите, дознавме дека каснувањето од мајмун може да доведе до смртоносни последици, вклучително и сепса, односно труење на крвта“, изјавил адвокатот Угур Гокојун.

    Сепак, стручната јавност во Турција повикува на смиреност и трпение додека трае истрагата. Вештакот за заразни болести Мехмет Џејхан појасни дека иако овие животни пренесуваат опасни вируси и бактерии, ваквите фатални последици се исклучително ретки во праксата и дека фокусот треба да се стави на евентуални скриени срцеви аномалии.

    Надлежните институции апелираа до јавноста на социјалните мрежи да не се шират непроверени теории и да се почекаат официјалните медицински наоди кои треба точно да утврдат што ја предизвикало смртта на младата актерка.

    Прочитај повеќе

    20 години од смртта на Наско Џорлев

    28.10.2026 во 23:19

    Ноа Вaјл прогласен за најсексипилен маж

    28.10.2026 во 22:47
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.