Касами: Конечно е изгаснат пожарот во Тетово

 Градоначалникот на Општина Тетово, Биљал Касами преку социјалните мрежи објави дека конечно е целосно изгаснат пожарот во магацините на компанијата „Пофикс“ во  поранешниот тутунски комбинат „Македонија Табак“. 

Пожарот започна вчера во 9:30 часот, а при крајот на денот се локализираше.  Ноќеска и до раните после пладневни часови се уште имаше чад и непријатна миризба од ова место на излезот од Тетово кон Скопје.  

По многу напори на екипата на Територијалната противпожарна единица и доброволци, конечно е изгаснат пожарот во магацинот на фабриката „Пофикс“. Напорите од нашите херои го дадоа долгоочекуваниот резултат. Ваквите настани посакувам да не се повторат, со надеж дека иднината ќе биде добра и светлаБлагодарност до сите учесници кои помогнаа во овие два исклучително тешки дена, порача Касами.

Вчера од пожарната информираа дека неколкумина нивни колеги се полесно повредени или задушени поради интензивниот чад. 

 

31.05.2022 - 15:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега