Комисијата за одлучување по прекршок при Комисијата за заштита на конкуренцијата (КЗК) донесе решение со кое утврди постоење на картелно однесување меѓу десет осигурителни компании.
Евроинс, Триглав, Македонинија Скопје – Виена Иншуренс, Сава, Еуролинк, Граце, Уника, Осигурителна полиса, ХалК осигурување и Кроација осигурување.
Картелот се однесува на осигурувањето од автомобилска одговорност (задолжителна полиса при регистрација).
Во периодот 01.03.2024 – 07.05.2024 година, компаниите разменувале чувствителни информации и во исклучително краток рок донеле идентични или меѓусебно усогласени одлуки за зголемување на делот на премијата – т.н. режиски додаток.
КЗК нагласува дека ваквото однесување претставува најтешка форма на повреда на Законот за заштита на конкуренцијата, бидејќи ја заменува независната деловна политика со координирано колективно дејствување.
На компаниите им се изречени глоби во вкупен износ од 17.266.930 денари.

