Close Menu
Press24
    Најново

    Бремена жена ја преживеа несреќата во Шпанија, открива што се случувало

    28.10.2026 во 18:39

    Зеленски најави мировни преговори во Абу Даби од 6 до 10 ноември

    28.10.2026 во 18:27

    Владимир Путин го нарече Илон Маск „вистински гениј“

    28.10.2026 во 18:11
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Бремена жена ја преживеа несреќата во Шпанија, открива што се случувало
    • Зеленски најави мировни преговори во Абу Даби од 6 до 10 ноември
    • Владимир Путин го нарече Илон Маск „вистински гениј“
    • СДСМ со остри критики кон Мицкоски: Како ќе гради добри односи со српските студенти по блиските врски со Вучиќ?
    • Пронајден и казнет возачот кој возеше автомобил по велосипедска патека во Бутел
    • Цената на нафтата „Брент“ падна под 115 долари за барел
    • Шпанија: Поранешната министерка Фатима Бањес меѓу загинатите во железничката несреќа кај Толедо
    • Студентите бараат 200 денари за оброк
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Карпош одбележа 50 години постоење со традиционалните спортски игри за пензионери

    Карпош одбележа 50 години постоење со традиционалните спортски игри за пензионери

    09.10.2026 во 19:342 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Денеска во спортската сала „Партизан“ се одржаа традиционалните пензионерски спортски игри, организирани по повод 50-годишниот јубилеј на Општина Карпош. На спортскиот настан присуствуваа градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, и претседателот на Советот на Општина Карпош, Христо Саракинов, кои им посакаа успех на учесниците и го поздравија нивниот ентузијазам, спортски дух и желба за дружење.

    -„Гледајќи го овој спортски терен исполнет со позитивна енергија, насмевки и младешки дух, не можам, а да не кажам – вие сте вистинска инспирација за сите помлади генерации во нашата општина. Денес не е важна возраста, туку желбата за дружење, движење и зачувување на натпреварувачкиот дух. Сигурен сум дека ќе видиме одлични резултати, фер-плеј и многу спортска среќа во сите машки и женски дисциплини. Најдобрите тројца во секоја категорија ќе си заминат дома со заслужени пехари. Но, сакам да нагласам една работа – за мене како градоначалник, а верувам и за целата публика која е тука да ве бодри, сите вие денес сте победници“, истакна градоначалникот Лукровски.

    На игрите учествуваа членови на двете пензионерски друштва – „Карпош“ и „Тафталиџе“, кои се натпреваруваа во повеќе дисциплини: шут на гол за мажи и жени, фрлање ѓуле за мажи и жени, трчање на 60 метри за жени и 80 метри за мажи, како и скок во далечина. По завршувањето на натпреварите, на учесниците им беа доделени статуетки, по што следуваше пригоден свечен коктел. Општина Карпош продолжува да ги поддржува активностите кои поттикнуваат активен живот, дружење и квалитетно поминување на времето во третото доба.

    Прочитај повеќе

    Шест часа ќе нема струја – најавени исклучувања во неколку општини

    28.10.2026 во 16:36

    (ФОТО) Ѓорѓиевски заедно со колегите и илјадници граѓани повторно ги засукаа ракавите: Да оставиме пример, не ѓубре

    28.10.2026 во 12:33
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.