Close Menu
Press24
    Најново

    Испразнете ги базентите, август и септември се пикот на западнонилската треска, посочи Клековски

    17.08.2026 во 16:35

    Нови седум осомничени за транспорт на марихуана од Македонија во Србија

    17.08.2026 во 17:56

    Властите ги мобилизираат сите капацитети против западнонилската треска: Воведени вонредни контроли и СМС-препораки

    17.08.2026 во 14:12
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • ЦУК: Активни седум пожари, два под контрола и 13 изгаснати
    • Трамп со нова закана: „Ако Оман ни се испречи на патот, ќе го разнесеме“
    • Напишани 63 казни за пијани возачи
    • Воен авион принудно слета на автопат во Франција и се запали, двајца повредени
    • Утре почнуваат уписите на студенти на државните универзитети
    • Нови седум осомничени за транспорт на марихуана од Македонија во Србија
    • Работна средба со претставници на Проектот на Европската Унија за владеење на правото
    • Започна порибувањето на Охридското Езеро со охридска пастрмка
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Каранфилова-Пановска: Време е за промена, Куманово заслужува повеќе со Мартин Костовски

    Каранфилова-Пановска: Време е за промена, Куманово заслужува повеќе со Мартин Костовски

    30.09.2025 во 11:172 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Од трибината во Куманово, заменик-претседателката на СДСМ, Фани Каранфилова-Пановска упати јасна порака,  време е за промена, време е Куманово да добие нова енергија и вистинско раководство.

    „Куманово заслужува многу повеќе. Време е да го поддржиме човекот кој има визија, искуство и искрена посветеност, Мартин Костовски,“ изјави Каранфилова-Пановска, истакнувајќи дека кандидатот на СДСМ е единствениот што нуди реални решенија за вистинските проблеми на граѓаните.

    Таа потенцираше дека промената започнува со човек кој не е зад канцелариска маса, туку меѓу луѓето.

    „Тој не е човек од канцеларија, тој е човек на народот. Чесен, вреден, посветен. Со него на чело, Куманово ќе оди напред, а не назад,“ порача Каранфилова-Пановска.

    Во својот говор, остро се осврна на состојбата во општината под актуелното водство на Максим Димитриевски.

    „Максим Димитриевски го претвори Куманово во касаба. Наместо развој,  запуштени улици, нефункционални услуги, пропуштени можности. Ветувања имаше многу, резултати, нула. Сликите за социјални мрежи не можат да ја сокријат реалната слика на застој и разочараност,“ нагласи таа.

    Заменик претседателката се обрати и до разочараните членови на ЗНАМ:

    „Драги Знамовци, вие не го изневеривте СДСМ, ЗНАМ ве изневери вас – вратете се дома!“

    Каранфилова-Пановска упати критики и до централната власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ, потенцирајќи дека нивното владеење е синоним за неспособност, корупција и назадување.

    „Помина третина од нивниот мандат , и што добивме? 8 милијарди евра долг, поделби, блокади, младите си заминуваат, пензионерите едвај врзуваат крај со крај. Наместо решенија, кризи. Наместо развој , расипништво,“ рече Каранфилова-Пановска.  

    На крајот од своето обраќање, таа упати јасен повик: „Затоа, гласаме за број 5,  гласаме за СДСМ, гласаме за Мартин Костовски. Куманово заслужува многу повеќе и Куманово ќе добие повеќе со победата на Мартин. Се бориме за нашиот дом, се бориме за Куманово!“

    Прочитај повеќе

    Велјановски ги најави новите странски инвестиции во ТИРЗ зоните низ Македонија

    17.08.2026 во 11:37

    Петрушевски: СДС нема политика и измислува кризи, фактите ја рушат нивната паника

    17.08.2026 во 11:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.