Close Menu
Press24
    Најново

    Нови апсења во случајот „Државна лотарија“ – падна финансиска директорка

    05.10.2026 во 13:31

    РКЕ одлучи: Од полноќ поевтинуваат и бензинот и дизелот

    05.10.2026 во 12:35

    Нема потреба од 5 верски празници – газдите бараат да се скратат 3 неработни денови

    05.10.2026 во 13:44
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Европа забавува, Западен Балкан забрзува: Светска Банка проектира раст од 3,1%
    • Мицкоски: Пензискиот систем е стабилен, пензионерите нема за што да се грижат
    • Тренчевска: Дупката во ПИОМ е над 14% од државниот Буџет
    • Времено запрена вакцинацијата со БСЖ по информациите за несакани реакции во Хрватска
    • За една недела истекува куќниот притвор на Артан Груби – тој нуди 335.000 евра за да му го вратат и пасошот
    • Кривична за директор од Свети Николе
    • Детали за сообраќајката во Скопје – Двајца во болница
    • Мицкоски против кратење на празниците: Правата на работниците треба да се почитуваат
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Каранфилова Пановска: Наместо подобри, Македонија сега е со полоши позиции — Фон дер Лајен го упати Мицкоски кон Бугарија

    Каранфилова Пановска: Наместо подобри, Македонија сега е со полоши позиции — Фон дер Лајен го упати Мицкоски кон Бугарија

    02.10.2026 во 17:212 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Наместо ветените подобри преговарачки позиции, Македонија се соочува со влошена позиција и упатување кон билатерални разговори со Бугарија. Одолговлекувањето и блокадата на европскиот пат го оддалечуваат членството во Европската Унија, предупреди заменик-претседателката на СДСМ, Фани Каранфилова Пановска, на денешната прес-конференција.

    „Колку се повеќе го одолговлекуваме процесот, позицијата на Македонија ќе се влошува. И тоа денеска се случи. Денеска се случи да Урсула фон дер Лајен го препрати Мицковски на билатерални разговори со Бугарија“, рече Каранфилова Пановска.


    Таа подвлече дека непостапувањето по преговарачката рамка, договорена од 27 држави членки на ЕУ, води кон билатерализација на процесот. Во рамката се утврдени македонскиот идентитет и чекорите што треба да се исполнат за напредок во пристапните преговори.


    ВМРО и Мицкоски ветуваа подобри преговарачки позиции, враќање на името и раскинување на Преспанскиот договор. По доаѓањето на власт, тие ветувања останаа неисполнети, а европскиот процес блокиран.


    „Нè викаа нас предавници. Велеа дека ќе го вратат името. Ветуваа дека ќе го раскинат Преспанскиот договор, ветуваа дека ќе обезбедат подобри преговарачки позиции. И што се случи? Дојдоа на власт за да со доаѓањето на власт полека, но сигурно Преспанскиот договор за нив стана ремек-дело на дипломатијата.  Дека за Муцунски, НАТО, членството во НАТО е одлична работа за бизнис-секторот. Дека претседателката Силјановска самата потврдува дека со Преспанскиот договор е потврдено и нашето и нашиот идентитет македонски и македонскиот јазик. И што ќе прави денеска Мицковски пред фон дер Лајен, освен што ќе седи и ќе молчи, каде замина лажниот патриот? “, рече Каранфилова Пановска.


    Претседателката на Европската комисија истовремено испрати јасна порака дека местото на Македонија е во ЕУ, со нејзиниот јазик, култура и идентитет.


    „Воедно, фон дер Лајен кажа дека тие во Европската Унија нè чекаат нас со широко отворени раце, заедно со нашиот јазик, со нашата култура и со нашиот идентитет“, потенцираше Каранфилова Пановска.

    Додека другите земји кандидати напредуваат во пристапните преговори и отвораат кластери, Македонија се соочува со останување без патоказ за својот европски пат.

    „Македонија, за жал, после 30 години сериозна стратешка определба, битки и жртви на патот за Европската Унија, ќе остане без патоказ“, предупреди Каранфилова Пановска.


    Продолжувањето на блокадата носи сериозни последици за иднината на државата — заминување на младите и бизнисите и осиромашување на граѓаните.


    „Такаречи ќе останеме во беспаќе“, рече Каранфилова Пановска и ја посочи одговорноста на ВМРО и Христијан Мицкоски за блокираниот европски процес.

    Прочитај повеќе

    Тренчевска: Дупката во ПИОМ е над 14% од државниот Буџет

    06.10.2026 во 12:04

    Вреди: Теарце доби јавна градинка, Куманово наскоро добива ново училиште

    06.10.2026 во 10:04
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.