Кан: Џиновски автобус и деветминутни овации на премиерата на „Француска газета“

 

Имаше толку многу филмски sвезди на премиерата на French Dispatch („Француска газета“) на фестивалот во Кан во понеделникот вечерта, што атмосферата речиси наликуваше на таа пред пандемијата.

Улиците во близина на главната филмска сала „Пале“ беа затворени. Луѓето врескаа. А Тимоти Шаламе, во сребрен костум, се проби во јулската горештина за да потпишува автограми и да прави селфи со фановите.

Два часа подоцна, филмот заработи една од најголемите овации досега на 74. издание на Канскиот филмски фестивал. Аплаузите продолжија девет минути за присуство на режисерот Вес Андерсон и неговата екипа, Бил Мареј, Овен Вилсон, Тилда Свинтон, Адриен Броди, Стивен Парк, Бенисио Дел Торо и Тимоти Шаламе.

Но, еден член на актерскиот тим не можеше да допатува за премиерата. Француската актерка Леа Седу беше отсутна таа вечер, бидејќи е во карантин во Париз по позитивниот тест за Ковид-19.

Како што започна ноќта, имаше знаци дека ова нема да биде обична премиера во Кан. Наместо црна лимузина, екипата – заедно со композиторот Александер Десплат – пристигна во џиновски златен автобус за забави, придружуван од француски полициски мотоцикли.

Откако режисерот Андерсон влезе во салата, публиката го пречека со занесени овации. Актерите Шаламе и Свинтон се држеа за раце одејќи по патеката.

Макфакс

16.07.2021 - 15:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега