Најмалку 49 лица го загубија животот од жед во пустината Сахара, на територијата на Нигер, откако останале заробени на големите горештини, соопштија локалните власти во земјата.

Трагичниот инцидент се случил во моментот кога на групата патници целосно им се расипал камионот со кој патувале низ пустинските предели.

Спасувачката акција започнала откако двајца од патниците успеале пешки да пристигнат до најблискиот извор на вода и веднаш ги известиле властите на Нигер за драмата во пустината.

Според официјалните информации, сите починати се државјани на Нигер. Тие се враќале од масовен верски фестивал кој се одржувал во Мали кога се соочиле со кобниот дефект на возилото.

Exit mobile version