На 05.06.2026 во 00:40 часот, на улицата „Маршал Тито“ во Кичево, полициски службеници сопреле патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, што го управувал Е.П.(31) од Кичево.

При обид да се изврши контрола,  возачот го стартувал возилото и се дал во бегство. По преземени мерки, возилото е пронајдено и обезбедено, а констатирано е и дека Е.П. немал положено возачки испит.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот, по што, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Exit mobile version