Силно немирно утро на Кипар. Земјотрес со јачина од 5,7 степени според Рихтеровата скала утрово околу 10:30 часот по македонско време ја погоди територијата на островот. Епицентарот на потресот бил лоциран во областа Пафос, на релативно мала длабочина од 17 километри.
Силниот потрес предизвика паника и драстични последици, особено во руралните средини.
Во селото Полеми, потресот предизвикал одрони. Мештаните сведочат дека сцените биле драматични: „Скали и камења се лизгаа по ридот,“ и „Целата куќа се тресеше, беше страшно.“
Земјотресот бил почувствуван на повеќе места низ островот, вклучувајќи го и Лимасол. Граѓаните на платформата EMSC опишале како „Лустерите трепереа, мебелот се тресеше,“ додавајќи дека потресот бил силен и траел неколку секунди.
Засега, првичните информации од локалните власти не укажуваат на жртви или сериозни структурни оштетувања, но ситуацијата внимателно се следи и се вршат проценки на теренот.

