Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтини но од утре не чека значително поскап дизел

    20.09.2026 во 12:50

    СДСМ: Земјоделецот плаќа повеќе а не добива ништо – Мицкоски гледа за дата центри и антимон

    20.09.2026 во 12:41

    Ивон Величковски: Кое е тоа Собрание што ќе гласа против 150 или 300 илјади граѓани за ЕУ?

    20.09.2026 во 12:25
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Филипче: Минималната плата мора да се зголеми на 600 евра – луѓето не можат да врзат крај со крај
    • Повредена жена, ја удрил автомобил на тротоар
    • Тројца млади повредени во сообраќајка во Велес
    • Мисајловски во посета на Словенија: Средба со дијаспората пред состаноците на министрите за одбрана
    • Специјализант најави штрајк со глад: Обвинува за фаворизирање и неправда на Медицинскиот факултет
    • Камен пијан Мексиканец се степал со полицаец во Ѓорче Петров
    • Загина 17 годишна девојка: 7 годишно дете и тројца возрасни повредени во сообраќајка на патот Битола-Прилеп
    • Утре локални врнежи и услови за невреме
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » KAM исплаќа 850 евра за К15 за своите вработени

    KAM исплаќа 850 евра за К15 за своите вработени

    26.08.2026 во 19:29Updated:26.08.2026 во 19:311 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    КАМ годинава ќе исплати регрес за годишен одмор во износ од 52.000 денари за своите вработени, сума која, според компанијата, е речиси три пати повисока од законски утврдениот минимален регрес во земјата.

    Паралелно со регресот, компанијата ги зголемила и платите во двата најголеми сектори. Зголемувањето за вработените во Логистичкиот центар било реализирано со мајската плата, додека новите износи за вработените во маркетите стапиле во сила со исплатата на јулската плата.

    Според податоците што ги објави КАМ, основната плата на сите работни позиции во секторот Продажба во просек е за 29 проценти повисока од минималната плата во државата.

    Од компанијата наведуваат и дека просечната исплатена плата на ниво на КАМ е за 22 проценти повисока од просечната плата во браншата.

    Покрај зголемувањето на платите и регресот, компанијата наведува дека продолжува да го проширува и системот на дополнителни бенефиции за вработените. Изминатиот месец, меѓу другото, биле обезбедени и ваучери за пазарење во „dm“.

    Од КАМ велат дека нивната цел е долгорочно подобрување на финансиската сигурност и условите за работа на вработените.

    „Препознавањето и вреднувањето на трудот на вработените треба да биде континуиран процес“, порачуваат од компанијата, додавајќи дека покрај редовните усогласувања на платите продолжуваат да инвестираат и во дополнителни надоместоци и бенефиции.

    Прочитај повеќе

    Филипче: Минималната плата мора да се зголеми на 600 евра – луѓето не можат да врзат крај со крај

    20.09.2026 во 15:48

    Нафтата поевтини но од утре не чека значително поскап дизел

    20.09.2026 во 12:50
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.