Калифорнија во пламен: Изгорени домови, илјадници евакуирани


Шумските пожари на три локации во јужна Калифорнија запалија десетици планински домови, зафатија ски-центар и принудија илјадници луѓе да се евакуираат источно од Лос Анџелес.

Противпожарната служба на Лос Анџелес соопшти дека пожарот зафатил 40-ина куќи во селата Маунт Балди и Рајтвуд, а оштетена е и жичницата во блискиот ски-центар.

„Во поновата историја ова е најдраматичниот пожар во еден ден“, изјави портпаролот на противпожарната служба.

Пожарот уништи десетици домови во селото Ел Карисо и по должината на кањонот Декер. Засега нема информации за евентуални жртви од пожарот.

12.09.2024 - 14:44

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега