Close Menu
Press24
    Најново

    Испразнете ги базентите, август и септември се пикот на западнонилската треска, посочи Клековски

    17.08.2026 во 16:35

    Нови седум осомничени за транспорт на марихуана од Македонија во Србија

    17.08.2026 во 17:56

    Властите ги мобилизираат сите капацитети против западнонилската треска: Воведени вонредни контроли и СМС-препораки

    17.08.2026 во 14:12
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • ЦУК: Активни седум пожари, два под контрола и 13 изгаснати
    • Трамп со нова закана: „Ако Оман ни се испречи на патот, ќе го разнесеме“
    • Напишани 63 казни за пијани возачи
    • Воен авион принудно слета на автопат во Франција и се запали, двајца повредени
    • Утре почнуваат уписите на студенти на државните универзитети
    • Нови седум осомничени за транспорт на марихуана од Македонија во Србија
    • Работна средба со претставници на Проектот на Европската Унија за владеење на правото
    • Започна порибувањето на Охридското Езеро со охридска пастрмка
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Како да го убијам мојот пријател среде час? – 13-годишно момче уапсено поради прашање до ChatGPT

    Како да го убијам мојот пријател среде час? – 13-годишно момче уапсено поради прашање до ChatGPT

    07.10.2025 во 12:29Updated:07.10.2025 во 12:391 Min Read
    ФОТО: Pixabay
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    13-годишно момче е уапсено на Флорида откако од ChatGPT побарал инструкции како да изврши убиство среде час.

    Како што објавија локалните медиуми, тинејџерот се најавил на училиштен уред и напишал: „Какод а го убијам мојот пријател среде час“. Обезбедувањето веднаш добило известување преку системот за следење на училиштата со вештачка интелигенција. 

    Училишниот полицаец го опколил тинејџерот во средното училиште „Саутвестерн“ во Деланд, град во близина на Орландо. Тинејџерот тврдел дека само се шегувал со пријател, но полицијата и училишната администрација очигледно не сметала дека тоа е смешно. 

    Локалната полиција на округот Волусија го привела и го испрати во окружниот затвор.

    Снимките што кружат на социјалните мрежи го прикажуваат врзаниот тинејџер како излегува од полициско возило. Тие ги предупредија родителите дека нивните деца треба да бидат многу внимателни што бараат на ChatGPT.

    „Уште една „шега“ што создаде вонредна состојба на кампусот. Родители, ве молам разговарајте со вашите деца за да не ја направат истата грешка“, соопшти канцеларијата на локалниот шериф.

    Полициските службеници беа во можност брзо да реагираат бидејќи на училишната опрема е инсталиран Gaggle, кој може да открие дали ученикот покажал вознемирувачко однесување, без разлика дали е насочено кон себе или кон други, и да блокира несоодветна содржина.

    Прочитај повеќе

    Трамп со нова закана: „Ако Оман ни се испречи на патот, ќе го разнесеме“

    17.08.2026 во 18:51

    Воен авион принудно слета на автопат во Франција и се запали, двајца повредени

    17.08.2026 во 18:22
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.