Каевски: Што поскоро уставните измени влезат во Собранието тоа подобро

 

Воспоставениот дијалог со опозицијата е во исклучително важен момент за европската иднина на земјата, истакна на прес-конференција, пратеник и портпарол на СДСМ, Дарко Каевски.

Тој рече дека чекорот што го направил Христијан Мицкоски со прифаќањето на уставите измени е за поздравување.

Сето ова, вели Каевски, создаде добра основа за продолжување на дијалогот со ДПМНЕ но и со сите релевантни политички партии застапени во македонското Собрание.

„Сега може да разговараме како заеднички да ги изведеме уставните измени, неопходни за продолжување на европскиот пат. СДСМ ќе биде проактивна во овој процес. Токму затоа на синоќешната седница на Централниот одбор донесевме одлука за формирање на работна група. Овој тим ќе го продолжи дијалогот со ДПМНЕ и останатите политички партии за носење на уставните измени и продолжување на евроинтегративниот процес. Што поскоро уставните измени влезат во Собранието тоа подобро“, рече Каевски.

Портпаролот на СДСМ додаде дека сега е моментот сите заедно да дадеме придонес, да ја донесеме важната одлука, и да ја обезбедиме на европската иднина на државата.

10.06.2023 - 13:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега