Кадиров издаде потерница: Пет милиони рубљи за ликвидација на украинскиот војник кој го сквернави Куранот

 

Чеченскиот лидер Рамзан Кадиров вети награда од 5 милиони рубљи (околу 65.000 долари) за ликвидација на украинскиот војник кој го сквернави Куранот и 10 милиони ако биде фатен жив.

– Кога и да се случи тоа, денес, утре, една година од сега – напиша Кадиров на каналот Телеграм.

Тој додаде дека не е важно кој ќе го направи тоа: „вод, група, поединец“.

Претходно, чеченскиот лидер објави видео на својот Телеграм канал на украински војници кои се потсмеваат на Куранот и го палат, и вети дека ќе ги најде и казни,пренесе Новости.рс.

18.03.2023 - 13:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега